Хотел Г се наоѓа во мирен кварт, во центарот на Скопје. Благодарение на високото ниво на услуга и неговата локација, се изгради во еден препознатлив бренд хотел, а е идеален посебно за бизнис гостите и помали групи во време на социјална дистанца. Хотелот е оддалечен само 8 минути пешачењe или 2-3 минути со возило од главниот деловен центар на градот, од владините и од културните институции и од повеќето дипломатски претставништа. Хотелот располага со дваесет и три соби, од кои две се луксузни јуниор суита, сите со извонреден ентериер, посебно звучно изолирани и централно климатизирани, опремени по најсовремените и најстроги светски стандарди за хотелко сместување. Во составот на хотелот се наоѓа ресторан за појадок со шведска маса,со растојание помегу масите со запазена социјална дистанца ,летна и зимска тераса и апертив-бар.
Хотел Г ви нуди безплатен Wi-Fi интернет во секоја соба и во лобито, користење на една сала за состаноци, паркинг со 24ч видео надзор, сеф, скенер, копир и факс. Покрај овие услуги, хотел Г ви нуди сопствен сервис за перење и пеглање, хемиско чистење како и такси превоз до и од аеродром по најповолни цени. Со мирната атмосвера, со прекрасниот амбиент и со квалитетната услуга, хотел Г ви овозможува пријатен престој во Скопје.
Нашиот хотел ви нуди 24/7 услуга со професионален персонал и релаксирачка атмосфера.
Шведската маса претставува симфонија на пријатни мириси и вкусови и ќе ви овозможи прекрасно гастрономско искуство
Хотел Г се наоѓа во центарот на Скопје, а сепак сметен во мирен кварт, надвор од секојдневниот метеж и бука
За потребите на гостите на Хотел Г, за одржување на бизнис состаноци, работилници или презентации нудиме избор на простории..
За потребите на гостите на Хотел Г, за одржување на бизнис состаноци, работилници или презентации нудиме избор на простории. Големата сала е со капацитет за 30-40 лица и е идеална за поголеми презентации, организирање на работилници или побројни деловни средби. Таа е комфорна, практична, со одлично осветлување и опремена со 50” плазма ТВ со централно спроведена и инсталирана HDMI конекција, специјално направена за презентации директно од лаптоп компјутер. За време на користењето на двете сали, по претходна најава и договор, можно е да се организра служење на пијалоци и храна од Хотел Г.